Челси жестоко ќе го казни Маунт за непочитување на домашната изолација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На играчите на Челси им било наредено да минат две недели во домашна изолација, откако беше потврдено дека Калум Хадсон-Одои бил заразен со коронавирус.

Поради пандемијата на коронавирусот, фудбалот престана целосно во Европа и скоро сите лиги се прекинати. На играчите јасно им е наредено да бидат во домашна изолација, а тоа особено важи за екипите кои се заразиле во своите редови.

Откако Хадсон-Одои беше тестиран позитивно во Челси, тие веднаш им наредија на своите играчи да заминат во изолација затоа што постои можност еден од нив да биде заразен.

Но, англиската јавност беше во шок кога Мејсон Маунт реши да излезе од изолација и да замине на фудбалски состанок со своите пријатели.

Ваквото несовесно однесување беше веднаш осудено и клубот ја објави казната.

Како наведува „Мирор“ Челси ќе го казнат Маунт со парична казна од 200.000 фунти за неисполнување на наредбата на клубот и загрозување на другите луѓе со неговото арогантно однесување.