Ченгиз Ундер потпиша нов договор со Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ченгиз Ундер потпиша нов четиригодишен договор со Рома, кој трае до 30 јуни 2023 година.

Турчинот пристигна во Рома во летото 2017 година и оттогаш има 65 настапи во кои има постигнато 14 гола.

“Пристигнав во Рома пред две години и секој ден чувствувам сè повеќе љубов од страна на навивачите на овој клуб. Драго ми е што клубот смета на мене”, рече Ундер.

Ундер го потпиша продолжувањето на договорот, неколку дена откако истото го стори и неговиот колега Николо Заниоло.

„Имавме голема желба да го задржиме тука, бидејќи гледаме каков потенцијал има. Убедени сме дека тој ќе биде клучен играч во овој тим во иднина“, вели спортскиот директор на клубот, Џанлука Петрачи.