Червар: Ова е страшен подвиг за нас, одиме до крај!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватските ракометари по десет години се изборија за финале на големо натпреварување, откако по драма и две продолженија успеаа да ја совладаат Норвешка со 29-28, па во недела од 16.30 ќе игра против Шпанија за златниот медал.

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, ги пофали своите ракометари и кажа дека ќе одат до крај.

„Треба да им се даде признание на ракометарите што издржаа во тежок натпревар. Ова е страшен подвиг и резултат, никој не очекуваше дека може да ја вратиме Хрватска во врвот на светскиот ракомет. Утре е нов ден, нова желба, нов предивик. Сакаме да одиме до крај? Одмор? Многу е тешко да се одморат играчите. Уморни се, видовте дека Циндриќ не можеше ништо против Норвешка. Ќе се обидеме да ги одмориме малку, а публиката ќе ни помогне во тешките моменти“, кажа Червар.