Чешка со два контроверзни пенали ја совлада Македонија (Видео)


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Македонските фудбалери загубија против Чешка во пријателски меч кој се одигра во Храдец Кралове (1-2).

Чешка доминираше во текот на целиот натпревар, а до водство стигна дури во 60. минута преку Патрик Шик од контроверзен пенал. Сепак, македонските репрезентативци набрзо преку Алими стрелаа за 1-1.

Во судиското надополнување Чешка доби уште еден контроверзен пенал кој го реализира Антонин Барак.

Македонија претходно играше пријателски натпревар против Хрватска, кој го загуби со 0-3.