Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Европскиот шампион Вардар ја израдува македонската јавност со освојувањето на трофејот во Лигата на шампиони, иако пред време беше отпишан, затоа што во полуфиналето на завршниот турнир во Келн се соочи со моќната Барселона. Сепак, и Каталонците паднаа на колена пред „црвено-црните“, а втора жртва на македонскиот тим во финалето му беше Веспрем.
Денеска пристигна честитка до Вардар од страна на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), која му го честиташе огромниот успех на „црвено-црниот“ тим.
„Момци, Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион од Шпанија и четирикратниот претендент за титулата од Унгарија. Огромно БРАВО за борбеноста, истрајноста, и силниот тимски дух, единството во составот и карактерот! Нека двапати извојуваниот најпосакуван ракометен трофеј на стариот континент освоен под македонско знаме силно свети како ѕвезда водилка во македонската спортска историја. Ви посакуваме вашата успешна приказна да продолжи со уште многу високи достигнувања!“, соопшти РФМ.