Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Четири од најдобрите шест клубови во Премиер лигата сакаат да го ангажираат офанзивецот на Борнмут, Џош Кинг.
Манчестер Јунајтед испрати понуда од 20 милиони фунти за играчот минатиот јануари, но тогаш клубот ја одби истата и бараше повеќе пари за него.
Јунајтед не плати повеќе пари и наместо Кинг во своите редови го донесе Одион Игало. Иднината на Нигериецот на „Олд Трафорд“ се уште е неизвесна, па доколку тој не остане се верува дека Манчестер Јунајтед повторно ќе тргне по Џош Кинг.
Наводно и Френк Лампард ја разгледува опцијата да го ангажира фудбалерот кој во дресот на Борнмут пристигна пред пет години од таборот на Блекбурн.