Четири причини зошто Баерн Минхен не сака да потпише со Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо во претходните денови беше главна тема затоа што медиумите шпекулираа дека ќе го засили Баерн Минхен, откако кажа дека планира да го напушти Манчестер јунајтед, ако не бидат ангажирани добри засилувања.

Роналдо требаше да го замени Роберт Левандовски во Минхен, но „Скај Спортс“ објави четири причини зошто трансферот нема да се реализира.

Една од причините е големата плата на Роналдо, која изнесува над 30 милиони евра, па потоа неговата возраст (37 години). Трета причина е што Португалецот не игра пресинг, а последна е добрата атмосфера во клубот која не сакаат да се уништи поради големата ѕвезда.

„Роналдо е врвен фудбалер со голема кариера, но нема да тргнеме по неговиот потпис“, кажа Хасан Салихамиџиќ.