Четири трансфери кои треба да го спасат Челси од пропаст!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси доби нов сопственик во мај, а тоа е Тод Боели кој вложи многу пари во засилувања, но и покрај тоа поранешниот европски шампион игра лошо, а ниту новиот тренер Грем Потер не успеа да го врати клубот на победнички патеки.

Притисокот расте врз Потер за да избори место во топ-4 оваа сезона за да може следната година да ја нападне и титулата во Премиерлигата, а медиумите пишуваат дека четири трансфери би можеле да ги решат проблемите во Лондон.

„Експрес Спорт“ објави дека Боели мора да ангажира четири фудбалери во јануари за да ги реши главоболките на тренерот, но и на навивачите кои се разочарани од резултатите.

Едно од засилувањата е Кристофер Нкунку, а на листата со желби се наоѓаат и Мартин Терие, Хозе Хименез и Ромео Лавиа, кои можеби не се звучни имиња, но сепак треба да ѝ помогнат на екипата во битката за топ-4, по што следното лето ќе следни нова реконструкција.