Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид следната сезона ќе тргне со новиот тренер Карло Анчелоти, а тоа подразбира и чистка во екипата од фудбалерите кои не ги задоволиле очекувањата.
Веќе си замина Серхио Рамос, кој не доби добра понуда од Реал Мадрид, а уште шест фудбалери се наоѓаат на трансфер-листата, додека еден од нив е Лука Јовиќ.
Јовиќ не се прослави во дресот на „кралевите“, а последните шест месеци беше во Ајнтрахт Франкфурт, но очигледно нема да се врати и да добие шанса во Мадрид.
„Кралевите“ сакаат да заработат пари на непотребни фудбалери, како Герет Бејл, Иско, Мартин Одегард, Еден Азар и Рафаел Варан, а интересно е тоа што Анчелоти се побунил за двајца од нив.
Анчелоти, наводно, не сака да се откаже од услугите на Бејл и Азар, за кои смета дека има уште што да понудат во екипата и да му помогнат во освојување на трофеи.