Член на „ѓаволите“ се предозираше, па заврши во болница!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Еден од членовите на стручниот штаб на Манчестер јунајтед заврши во болница, откако се предозирал, но засега не е познато дали е со лекови или некоја недозволена супстанција.

Јунајтед се наоѓа на подготовки во Австралија, а локалните медиуми објавија дека еден од членовите бил пренесен во болницата во Перт.

Клубот побарал од докторите да се почитува доверливоста, но нема сомнеж дека порано или подоцна англиските медиуми ќе ја откријат вистината и идентитетот на човекот.

Секако, ова е жесток удар на имиџот на Јунајтед, кој во претходните години се наоѓа во криза, барем резултатска, која ќе мора да се поправи во следната сезона.