Човек на Барселона: Секоја чест за Перез, тој ќе ги купи Мбапе и Халанд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потпретседателот на Барселона, Едуард Ромеу отворено зборуваше и го пофали начинот на работа на Реал Мадрид.

„Кралевите“ се еден од ретките тимови во светот кој од финансиската криза предизвикана од вирусот излезе со мали загуби.

Поради паметната трансфер политика го заврши периодот во позитива, додека Барселона има рекордни загуби.

„Реал Мадрид е моќен клуб и секоја чест за Флорентино Перез. Ние да бевме паметни, сега ќе беше поразлична ситуацијата. Следното лето тие можат да ги купат Мбапе и Халанд. На економски и бизнис план никој нема да го искористи и уцени Перез. Сите го почитуваат. За него можам да кажам само најдобри зборови“, вели Ромеу.