Човекот кој го победи Џошуа сакал да биде – фудбалер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Украинецот Олександер Усик успеа да го совлада шампионот Ентони Џошуа по тешка борба во 12 рунди, па така го презема светскиот врв.

Интересно е тоа што Усик се родил на ист ден како и големиот Мохамед Али, но сепак тој сакал да биде фудбалер и да направи професионална кариера.

Украинецот ги минал сите младински категории на Тавриа, но откако видел дека не е добар за фудбал, тој решил да се префрли на бокс.

Во текот на аматерската кариера победил на 335 борби, а загубил само 15 порази, додека во Лондон во 2012 година на Летните олимписки игри освои златен медал.

Веднаш потоа почнува неговата професионална кариера, по што стигна до појасот во лесно-тешка категорија во ВБО, по што следи уште поголем успех во неговата кариера, кој кулминира со победата против досегашниот светски шампион Џошуа.