Човекот кој го врати Реал Мадрид во врвот на Европа се бори за живот со коронавирусот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лоренцо Лоло Санс, поранешниот претседател на Реал Мадрид е заразен со коронавирус и се наоѓа во критична состојба.

Човекот кој ги предводеше „кралевите“ од 1995 до 2000 година е примен во вторникот на интензивна нега, со висока температура и силна грозница.

Санс има 76 години и е дел од ризичната категорија на загрозени со вирусот. Реал под водство на Санс успеа да се врати на врвот на Европа по 32 години, откако го победи Јувентус во финале.

Прогнозите на докторите не се добри. Санс има неколку дена висока температура и во моментов е на респираторни машини.

Санс во 2000 година ги загуби изборите од Флорентино Перез, по што се повлече од клубот.