Човекот кој ја расплака Србија ќе биде замена за Бензема!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразил го обезбеди местото во осминафинале на Светското првенство (СП), откако досега ги совлада Србија и Швајцарија, а притоа головите ги постигнаа Ришарлисон и Касемиро.

Ришарлисон привлече голем интерес со неговите настапи, а медиумите шпекулираат дека би можел да биде замената за Карим Бензема во Реал Мадрид, откако Французинот се повреди и тоа му создаде главоболки на тренерот Карло Анчелоти.

Тотенхем за неговите услуги ќе бара околу 65-70 милиони евра, а Анчелоти будно го следи секој настап на Ришарлисон, додека конечната одлука се очекува да биде донесена на крајот на Мундијалот во Катар.

На листата со желби на Анчелоти има и други имиња, па наскоро ќе биде познато кој ќе биде нов напаѓач на „кралевите“.