Чудна изјава на Солскјер: Алексис и тоа како има иднина во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер даде свое видување за целосната ситуација околу заминувањето на Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед.

Чилеанецот и официјално се приклучи на Интер како позајмен фудбалер, а италијанскиот тим ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор по крајот на оваа сезона.

Сепак, Солскјер потврди дека Санчез има иднина во Манчестер Јунајтед, па посочи дека доколку ја подигне формата во Интер во клубот сериозно ќе размислат да го задржат во своите редови.

„Дефинитивно дека Алексис има иднина во Манчестер Јунајтед. Ова е само договор за едногодишна позајмица. Очекуваме од него да биде професионалец, да оди таму и да го претстави Манчестер Јунајтед исто така. Сакаме и Интер и Алексис да имаат добра сезона“ –истакна Солскјер.