Чудо од човек: Белингам ја расплака Барселона (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше во големото шпанско дерби со 2-1, иако губеше на полувремето, но потоа на сцена стапи Џуд Белингам и постигна два гола.

Барселона доминираше во првото полувреме од натпреварот, а водеше и со голот на Илкај Гундоган од шестата минута.

Каталонскиот гигант добро го отвори и вториот меч, но потоа Белингам израмни во 68. минута на 1-1, а вториот гол го постигна во судиското надополнување.

Реал Мадрид и Жирона имаат по 28 бодови, додека Барселона има 24 по 11 одиграни кола во Ла Лига.