Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англискиот гигант Манчестер Сити повторно покажува сериозен интерес за чудото од дете од Валенсија, Жаумеа Дуру, и покрај тоа што младиот офанзивен везен играч ги одби минатата година и потпиша нов договор до 2027 година. Како што пренесуваат шпанските медиуми, екипата на Пеп Гвардиола подготвува нов обид за доведување на ѕвездата на шпанската У-17 репрезентација, пишува Goal.com.
Според шпанското радио Кадена Копе, англиските прваци повторно ја започнаа операцијата за доведување на 17-годишниот Дура. Наводно, Сити „не пропушта ниту еден детал од неговиот напредок” додека тој се развива во академијата на Валенсија, што укажува на “сериозен интерес”.
Иако засега не е познато дали Сити планира да испрати понуда веќе во јануари или ќе чека до летото 2026 година, нивното намерение да се вратат за играчот кој веќе еднаш ги одби, е јасен знак колку веруваат во неговиот потенцијал. Валенсија, како што се наведува, мора да „биде на штрек” поради обновениот притисок од англискиот гигант.
Дура, кој 18 години ќе наполни во мај 2026 година, е продукт на познатата фудбалска школа на Валенсија. Во моментов е капитен на клупскиот У-19 тим и главно игра на позицијата офанзивен везен играч, но сè уште чека на дебито во сениорскиот тим. И покрај неговата младост, веќе е стандарден член на младите возрасни категории на шпанската репрезентација – за У-17 селекцијата има 10 настапи и постигнат еден гол.
















