Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Ракометниот тим Вардар прослави значајна победа во дербито против најголемиот противник Пелистер, освојувајќи го натпреварот со резултат 31-28. Со оваа победа „црвено-црните“ ја прекинаа серијата од четири последователни порази во натпреварите против битолчани.
Овој натпревар значеше многу и за тренерот Иван Чупиќ. Тој за прв пат во улога на стратег го предводеше тимот Вардар на големото дерби во салата „Јане Сандански“.
„Ова е мое прво дерби во „Јане Сандански“, но не победив јас туку овие момци во соблекувалната. Како што кажав и сто пати досега, трката за титулата е маратон, оваа победа над Пелистер значи само два бода“, кажа Чупиќ.
Фото: RK Vardar 1961