Чупиќ е реален: Ќе ни биде тешко, во моментов сме лоши, но имаме потенцијал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ е еден од најважните играчи на Вардар, па зборуваше за хрватските медиуми за тоа што го очекува европскиот шампион во следната сезона.

Вардар игра со изменет состав и на сите им е јасно дека ќе треба долго време за да се организира екипата.

„Во моментов сме лоши, но имаме голем потенцијал да бидеме добра екипа. Треба да бидеме реални и така да ја гледаме ситуиацијата. На надворешната линија го има Вујин, кој нема играно три години, потоа Векиќ, кој не го мина центарот. Талески кој беше само резерва во Германија, Дисингер, кој пет месеци не одигра ниту н атпревар, па само Гаџа и Јотиќ имаат лидерски улоги“, објаснува Чупиќ.