Чупиќ го напушта Вардар – потпишал за Загреб!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ ќе се врати во татковината по 14 години. „Хендбол-планет“ објави дека 34-годишниот ракометар ќе го напушти Вардар следното лето по пет сезони минати во поранешниот европски шампион.

Освојувачот на ракометната Лигата на шампиони (ЛШ) потпишал тригодишен договор со хрватскиот шампион ППД Загреб.

Чупиќ во кариерата настапуваше уште за Горење, Рајн Некар Левен, Кјелце и Вардар, каде што го доживеа врвот на кариерата и освои две титули во ЛШ во Келн, во 2017 и 2019 година.

Ова е само уште еден ракометар кој си заминува од екипата на „црвено-црните“, откако претходно тимот го напуштија многу ракометари.