Чупиќ има посебна причина за прослава: Хрватот освои три трофеи во Келн!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар успеа да ја повтори историската 2017 година, откако денеска славеа со 27-24 против Веспрем во финалето на Лигата на шампиони и го освоија трофејот во елитното натпреварување.

„Црвено-црните“ го заслужија трофејот во Лигата на шампиони, откако вчера одиграа моќен меч против Барселона, па со епски пресврт се пласираа во финалето, а денеска повторно со многу добар дуел го грабнаа трофејот.

Посебно важна е победата за Иван Чупиќ, кој испиша историја, откако го освои третиот трофеј во „Ланксес Арената“ во Келн.

Најпрво тоа му успеа со Кјелце, а потоа со Вардар во 2017 година, по што следуваше пауза од една година, а сезонава стигна до третиот трофеј.