Чупиќ: Имам желба да се вратат навивачите на трибини и така да се збогувам со Вардар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ ја игра последната сезона во редовите на Вардар, по што ќе се пресели во тимот на ППД Загреб, а за трансферот се очекува само официјална потврда.

Хрватот има голема желба пред да замине од поранешниот европски шампион, а тоа е да се вратат навивачите и да се збогува со нив.

„Голема желба ми е да се вратат навивачите пред крајот на сезоната, сакам да им се заблагодарам за неверојатното време и поддршка додека бев тука. Ми недостига атмосферата, која ја создаваа во салата“, кажа Чупиќ.