Чупиќ: Немаме квалитетен тренинг, реалноста е многу полоша од што се мисли…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двократниот европски шампион Вардар се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Иако „црвено-црните“ изборија пласман во нокаут-фазата на елитното натпреварување, сепак се свесни за ситуацијата во клубот.

Вардар остана без многу квалитетни ракометари на полусезона, меѓу кои беше и Даинис Криштопанс, кој се пресели во Бундеслигата.

Заминување од Вардар најавија и Дисингер, Скубе и Толедо. Македонскиот гигант ќе остане само со домашни ракометари и повеќе нема да доминира во Европа, освен ако не се смени нешто.

„Комплицирана е ситуацијата во Вардар. Голем дел ракометари не добиле плата шест месеци. Во Скопје може да преживеете со 300 евра, но тоа е стресна и непотребна ситуација. Треба да се случи чудо за да останеме заедно и следната сезона“, порача Дисингер.

Свој коментар за целата ситуација даде и легендарниот Иван Чупиќ.

„Немаме квалитетни тренинзи, немаме долга клупа ии секој меч паѓаме околу 40-та минута. Глупаво е да зборуваме за проблемите, зашто на тренинг има по пет-шест играчи. Еден тренер ми кажа: Ако сте шестмина во Вардар, тогаш сите шест треба да одите по победата. Тоа и го правиме, но тешко е. Нашата реалност е полоша од ова. Треба да патуваме до Хрватска со автобус, освен ако некој не плати авион. Ќе видиме што ќе биде“, порача Чупиќ.