Чупиќ: Со Вардар во 2019 година покажавме дека чуда се случуваат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ ќе остане во Вардар до крајот на сезоната, по што ќе замине од поранешниот европски шампион и ќе се пресели во ППД Загреб.

Чупиќ во интервју зборуваше за неговата кариера во Вардар.

„Во 2017 година кога ја освоивме првата европска титула со Вардар и моја втора на чело на клубот стоеше вистински визионер – Сергеј Самсоненко. Ивенстираше толку многу години и се создаде одличен тим на младост и искуство. 2019 беше уште поневеројатна година. Многу фудбалери си заминаа , се пишуваше за крај на Вардар, а нас не ни беше важно што немавме плати, верувавме во чудо. Сите силно сакавме да се обидеме одново да ја освоиме ЛШ и на крајот успеавме, докажавме дека чуда се случуваат“, кажа Чупиќ.

Целото интервју на Чупиќ можете да го прочитате тука.