Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал не ја менува добитната тактира и сака практично најголемата работа летово да ја заврши по слична шена како и доаѓањето на беглискиот голман Куртоа.
Имено, Куртоа два пати ја одби понудата на Челси за нов договор, инсистираше за враќање во Мадрид каде му живее поранешната сопруга и неговите деца, на крајот Челси немаше простор за маневар пред истекот на договорот на Куртоа, па го продадоа за околу 40 милиони евра.
Сега Перез пробува на ист начин да го доведе Азар.
Белгиецот веќе изјави дека донел одлука, но не кажа каква, меѓутоа во овој момент е јасно дека е многу поблизу до заминување.
„Плавите“ пробуваат со „картата Зидан“ да го наговорат Азар да го продолжи договорот, но тешко дека Французинот ќе дојде на клупата на Челси.
Тогаш, Челси ќе мора да го продаде Азар или да го пушти во летото 2020. по истекот на договорот. Поверојатно е она првото, но не по цена за која се зборува, околу 100 милиони евра.
Од таа сума нема ништо да биде, Реал е спремен да плати околу 60 милиони или во игра да го вклучи Иско на кого му падна вредноста на пазарот бидејќи не игра, но се чини дека Челси сака само пари.
Останува да видиме што ќе се случува на лето.