Цела Аргентина во солзи го испрати Марадона во вечниот дом ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Марадона беше погребан вчера вечер, на гробиштата во близина на неговите родители, а цела Аргентина од улица го испрати својот идол во вечниот дом.

Ретко кој можеше да ги задржи солзите за човекот, кој во Аргентина ја донесе титулата на светски шампион и израдува многу генерации, а почина на 60 години од срцев удар, и тоа само две недели откако имаше успешна операција на главата.

Цел ден Аргентинците му се поклонуваа на Марадона во претседателската палата, каде што беше оставено неговото тело, но вечерта го погребаа, каде што се собраа илјадници навивачи за да го испратат херојот.

Испраќањето на Марадона го одбележаа и физички инциденти меѓу навивачите и полицијата, зашто сите сакаа да го видат фудбалскиот бог.