Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвена Звезда втора година по ред ќе настапува во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ), откако вчера го елиминираа швајцарскиот шампион Јанг Бојс.
Поради тоа фудбалерите на српската екипа ќе добијат големи бонуси, односно двојно поголеми од тие кои ги добија по Копенхаген (50.000 евра).
Раководството на Ц. Звезда реши да ги награди фудбалерите со по 100.000 евра за големиот успех, кој долго ќе се памети.
Тоа е само мал дел од колачот, зашто српскиот шампион од пласманот во Лигата на шампиони заработи повеќе од 15 милиони евра.
Наскоро, Ц. Звезда ќе ги дознае противниците во групната фаза, а можен е дуел и со Динамо Загреб, зашто Србите се во четвртиот шешир, а Хрватите во третиот.