Црвена Звезда заедно со Панчев и Најдоски пред 29 години го освои Купот на шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Црвена Звезда на денешен ден, 29 мај 1991 година, по пенал серијата го совладаа Олимпик Марсеј и го освоија Купот на европските шампиони.

Најголемиот успех во историјата на српската екипа беше испишан токму тој ден. Финалето и трофејот освоен во Бари беа круна на златната генерација на Црвена Звезда.

На пат до трофејот Ц. Звезда беше подобра од Грасхоперс, Глазгов Ренџерс, Динамо Дрезден, Баерн Минхен и Олимпик Марсеј.

Финалето на стадионот „Свети Никола“ во Бари се играше пред повеќе од 50.000 гледачи, а во составот на Ц. Звезда беа Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанхоџиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савичевиќ, Стошиќ и Биниќ.