Црвените Ѓаволи и понатаму го плаќаат Алексис Санчез повеќе отколку што заработува целиот тим на Шефилд Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шефилд Јунајтед и Манчестер Јунајтед викендов одиграа многу интересен натпревар во рамките на 13. коло на Премиер Лигата.

Шефилд Јунајтед дојде до водство од 2:0, но гостите го свртеа резултатот на 2:3. Сепак, на самиот крај на натпреварот Црвените Ѓаволи останаа без победа бидејќи МекБурни погоди за конечен резултат од 3:3.

Во чест на споменатиот натпревар, англиските медиуми „ископаа“ интересен податок.

Манчестер Јунајтед годишно за плати на играчите троши 200 милиони евра, додека буџетот на Шефилд е повеќекратно помал. Сепак, тоа не ги спречи Шефилд Јунајтед да им одземе еден бод на своите ривали и да завземат подобра позиција на табелата од Манчестер Јунајтед.

Што повеќе, Манчестер Јунајтед сеуште го плаќа Алексис Санчез повеќе отколку што Шефилд Јунајтед троши за плата на целиот тим.

Интер превзеде околу 5,3 милиони евра од годишните примања на Санчез кои изнесуваат околу 24,5 милиони евра. Тоа значи дека Манчестер Јунајтед оваа сезона ќе плати повеќе од 19 милиони евра за Санчез, додека „сметката“ на Шефилд Јунајтед  за платите на сите играччи изнесува нешто помалку од 16,5 милиони евра.

Чилеанецот ќе остане запаметен како едно од најголемите промашувања на Манчестер Јунајтед. Тој доби рекордни примања, а за Јунајтед постигна пет голови на 45 натпревари.

Неговата позајмица во Интер не започна лошо, но за време на репрезентативните обврски тој се здоби со тешка повреда поради ќе паузира некое време.