Да не претераа малку? Кинезите сега сакаат да се прашуваат и за Лигата на шампионите, ги изнесоа првите предлози…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Најбогатиот човек во Кина смисли план и им предложи на најголемите европски клубови како би можеле повеќе да заработуваат.

На Кинезите не им е доволно што купија голем број европски ѕвезди, тие сакаат во целост да се инфилтрираат во европскиот фудбал! Како што јавува италијанската

“Република” најбогатиот човек во Кина, Кини Ванг Џанлин, изнесе официјален предлог за најголемите фудбалски лиги (Шпанија, Германија, Англија, Италија и Фрацнија) да организираат сопствено натпреварување кое би претставувала нова Лига на шампионите, илик како што ја нараче Супер Лига на шампиони.

Џинилин во последните години на разни начини вложува огромни суми во развојот на фудбалот, тој сега во своето излагање објасни дека новото натпреварување би допринело за многу поголем приход кога се телевизиските права во прашање.

“Азиските клубови наскоро ќе имаат финансиски средства да си дозволат фудбалери како што е Кристијано Роналдо. Во интерес на најдобрите пет лиги е да формираат ново натпреварување со што со приходите од истото би се направила финансиска рамнотежа со истокот”- додаде Богарели.