Да се запраша човек: Овој е составот кој Челси го продава


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Застрашувачки изгледаат 11 играчи кои Челси има намера да ги продаде.

Познато е дека Челси во базата има многу играчи кои дури и не се во плановите на клубот, па ги испраќаат на разни позајмици.

Но, кога ќе ја земете листата на играчи кои клубот сака да ги продаде, тогаш добивате во најмала рака состав кој може да игра важна улога во Премиер лигата.

На листата се Асмир Беговиќ, во последната линија на оваа екипа има играчи како Томаш Калаш, Мајкл Хектор, Бранислав Ивановиќ и Папи Џилибоди.

Средниот ред го сочинуваат играчи како Џон Оби Микер, Марко Марин, Оскар и Атсу. Лоик Реми и Патрик Бамфрод го сочинуваат напаѓачкиот тандем на екипата која е отпишана на Стенфорд Бриџ.

Човек навистина да се запраша…