Да ве заболи глава: Колку чини „слободата“ на Клоп!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп веќе четири години седи на клупата на Ливерпул, па го прероди тимот, но не освои трофеи, а тој „пост“ ќе има шанса да го прекине во финалето на Лигата на шампиони.

Сепак, додека се чека финалето во елитното натпреварување, англиските и италијанските медиуми постојано го поврзуваат Клоп со тренерската позиција во Јувентус.

Италијанскиот шампион реши во новата сезона да влезе со нов тренер, откако му даде отказ на Масимилијано Алегри, а Клоп покрај Маурицио Покетино е еден од најголемите кандидати за таа позиција.

Меѓутоа, Германецот има договор до 2022 година и кој ќе сака да го ангажира, ќе мора да плати огромна сума, поточно 32 милиони фунти за неговиот потпис.

На Јувентус не му се проблем парите, но тешко може да се поверува дека ќе плати толку многу пари за германскиот стратег.