Да, вистина е – Виери се врати! Бобо во нападот, а зад него тандемот од 80 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После седум и пол години легендарниот голгетер повторно на теренот.

Поранешниот италијански репрезентативец, Кристијан Виери ќе се активира од пензија и повторно ќе игра, овој пат во кинескиот Џангсу Сунинг. Претходните денови имаше најава дека ова ќе се случи, а сега стигна и потврда.

Виери кој се повлече од фудбалот во 2009-та година неодамна соопшти дека се враќа на теренот, а интерес покажа клубот чии сопственици го купија Интер, неговиот поранешен клуб. Тој неколку месеци работи на физичката спремност, намали 10 килограми, но прашање е каков ќе биде на теренот после седум години.

Виери зад себе има богата кариера, ги тресеше мрежите на Јувентус, Атлетико Мадрид, Лацио, Милан, Монако… За репрезентацијата на Италија одигра 49 натпревари и постигна 23 погодоци.

Во новиот клуб ќе игра со бразилците, Алекс Тешеира и Рамирес. Само за тие двајца, Џангсу плати 80 милиони евра.