Далас го договори Ирвинг, но и уште едно крило од Бруклин?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американските медиуми синоќа објавија дека Кајри Ирвинг се сели во Бруклин нетс, но сега доаѓа вест дека Далас маверикс ќе се засили со уште еден кошаркар.

Крилниот центар Маркиф Морис има 33 години и големо искуство во НБА-лигата, а исто така треба да биде засилување за Далас.

Морис беше избран како 13. пик на драфтот во 2011 година од Феникс, каде што играше пет сезони, а потоа го носеше дресот на Вашингтон, Оклахома, Детроит, Лејкерс, Мајами и Бруклин.

Искусниот кошаркар најдобро играше во Феникс, каде што во просек постигнуваше по 15,3 поени.