Далас го избрка Дончиќ, а сега го сака Дурант


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Генералниот менаџер на Далас Маверикс, Нико Херисон, истакна дека сака да го донесе Кевин Дурент во Тексас.

Кевин Дурент е поврзан со државата Тексас бидејќи студираше на Лонгхорнсис, а следното поглавје во кариерата би можело да биде токму во Тексас – во Далас Маверикс.

Како што вели генералниот менаџер на Мавсите, според добро информираниот Сем Емик од Атлетик, Дурент е нивна голема желба.

Планот е Дурант да се приклучи на Кајри Ирвинг, со кој веќе играше во Бруклин Нетс, како и на Ентони Девис, кој неодамна пристигна како замена за Лука Дончиќ.

Оваа сезона Маверикс имаат многу проблеми со повредите, особено откако го испратија Дончиќ во Лејкерс, па Девис и Ирвинг ја завршија сезоната.

Интересно е како серијата повреди започна со таа на Ентони Девис, при неговото премиерно појавување во Далас по доаѓањето од Лос Анџелес. Оттогаш се повредија Пи Џеј Вашингтон и Даниел Гафорд, комплетирајќи ја целата центарска линија вон игра, бидејќи Дерек Лајвли веќе беше недостапен.

Освен повредата на Девис, тимот најмногу го погоди повредата на Кајри Ирвинг, а Киду на располагање не му се ни Џејден Харди, Кај Џонс и Оливер-Максене Проспер.