Далас ја прекина црната серија: Дончиќ го наполни кошот на „воините“ (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Далас маверикс конечно ја прекина серијата од четири порази по ред во НБА-лигата, откако Лука Дончиќ блесна против Голден Стејт и ја предводеше својата екипа до триумф од 116-113.

Дончиќ ја доби војната против Стеф Кари и останатите ѕвезди на „воините“, а Далас може да биде среќен што конечно ја прекина кризата.

Словенечкиот кошаркар постигна 41 поен, 12 скокови и 12 асистенции против Голден Стејт, но имаше и четири украдени топки.

Во победата го следеше Хардавеј со 22 поени, додека Динвиди постигн 14. На спротивната страна блесна Кари со 32 поени, пет скокови и пет асистенции.