Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
НБА лигата синоќа беше вознемирена од веста за загинувањето на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант.
Брајат загина во хеликоптерска несреќа која се случила во близина на Лос Анџелес, а оваа вест го шокираше спортскиот свет. Покрај него загина и неговата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум други луѓе.
Пред синоќешните НБА мечеви многу кошаркари на свој начин му оддадоа почит на Коби, а пред натпреварите беше одржано и едно минутно молчење. Но, Далас Маверикс први направија конкретен потег после смртта на Коби.
Сопственикот Марк Кубан издаде соопштение во кое помеѓу останатото порача дека дресот со број 24 е пензиониран и дека никој повеќе во Далар Маверикс нема да го носи.
„Шокирани сме од веста за смртта на Коби и неговата ќерка. Коби беше амбасадор на нашата лига, легенда и светска икона. Над се беше посветен татко и сопруг. Неговото наследство ја надминува кошарката и нашата организација одлучи дресот со број 24 повеќе никој да не го носи , соопшти сопственикот на Далас Маверикс“