Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Кошаркарите на Милвоки го победија Далас во Тексас со 132:117, и така потврдија дека се во одлична форма. Ова беше нивната шеста победа во претходните седум натпревари.
Најефикасни кај победниците беа Јанис Адетокумбо со 29 и Демијан Лилард со 28 поени. Одличен беше и Гери Трент со 20 поени, а Кузма додаде десет поени, со осум скокови.
Кајри Ирвинг со 31 поен беше најефикасен играч на натпреварот, додека по 16 поени постигнаа Клеј Томпсон и Џејден Харди. Потсетуваме, поради повреда во тимот на Далас и понатаму нема Ентони Дејвис.