Далас подобар од Хјустон, трипл-дабл за Дончиќ! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште еден одличен натпревар одигра Лука Дончиќ кој го водеше Далас до победа во Хјустон. Од самиот почеток гледавме одличен меч и беше јасно дека не очекуваат возбудувања.

Далас одлично го отвори натпреварот и после првата четвртина гостите имаа предност од 33:21. Тие успеаа и во продолжение да ја одржат истата резултатска предност, а на пауза се замина со резултат 61:49 за гостите.

Хјустон во продолжение од натпреварот се обиде да го сврти резултатот во своја корист, но едноставно немаа решение за одличниот Далас кој до новата победа го предводеше неверојатниот Дончиќ. На крајот гостите славеа со резултат 113:100.

Дончиќ натпревар го заврши со трипл-дабл учинок од 33 поени и додаде уште 16 скокови и 11 асистенции. Во овој тим се истана и Тим Хардвеј со 30 поени.

Кај Хјустон најефикасен беше Кристијан Вуд со 23 поени, додека Џејмс Харден имаше скромна ноќ со 21 поен.