Дали да се радува или да тагува: Кари постигна 50 поени, но Голден Стејт загуби! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стеф Кари одигра уште еден меч во кариерата во кој постигна над 50 поени, но сепак тоа не беше доволно за Голден Стејт да го победни Финикс (119-130).

Кари го заврши натпреварот со 50 поени, а запиша и шест асистенции, но сепак не доби помош од неговите колеги, освен од Томпсон кој постигна само 19 поени кои не беа доволно.

Финикс со победата се искачи на второто место во Западот и има девет победи и пет порази, додека Голден Стејт досега запиша шест триумфи и девет порази.

„Поразите почнуваат да преминуваат во навика ако не направиш нешто за да го прекинеш тоа“, кажа Кари.