Дали Јовиќ ги брои последните денови во Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Јовиќ би можел да го напушти Реал Мадрид на лето.

За српскиот напаѓач платија дури 60 милиони евра на Ајнтрахт, но не ја оправда довербата.

Тој ретко добива шанса, а шпанскиот Дон Балон пишува дека тој исто така е „прецртан“ во плановите на Зинедин Зидан.

Тој има одиграно вкупно 24 натпревари оваа сезона и има постигнато само два гола, и двата во Ла Лига.

Дон Балон објави дека Наполи е заинтересиран за неговите услуги.

Проблемот, се разбира е оштетата, а од Наполи се подготвени да се договорат за заем со можност за купување договор.

Претходно, Јовиќ се поврзуваше и со Интер, Милан, Арсенал …