Дали ова е доказ дека Реал Мадрид нема шанси за титулата во Ла Лига?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид најверојатно ќе остане без титулата во шпанската Ла Лига бидејќи Атлетико Мадрид е во подобра позиција и со триумф би станал шампион.

„Кралевите“ во минатото освоија 34 титули, а во секоја од тие сезони во последното коло влегувале како лидер и станувале шампиони.

Исто така, треба да се каже дека Реал никогаш не освоил титула кога бил второпласиран, а имал шанси за трофејот во последното коло.

Од 18 часот се играат натпреварите, а Реал има 81 бод, додека Атлетико има два бода повеќе, па останува да видиме што ќе се случи.

Интересно е тоа што поранешниот фудбалер на Реал и газда на Валјадолид, Роналдо им ветил на неговите фудбалери дека ќе ги награди со по 150.000 евра ако го совладаат Атлетико во последното коло и така им помогнат на „кралевите“ во борба за титулата.