Дали ова значи дека ќе имаме нова голема тројка во НБА?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Крилен центар доаѓа во Лос Анџелес, делува дека Риверс се спрема за живот без Грифин.

Се споменуваше и порано дека Бостон Селтикс го сака Блејк Грифин.

Единствена причина зошто Клиперс може да се откажат е дека му остана уште една година од договорот.

Селтикс го доведоја Хорфорд, Браун како трет пик и може да се каже дека им недостасува четворка да бидат најголеми конкуренти на Кавс на истокот.

Се зборува дека Грифин во Бостон ќе стигне како трејдуван во која ќе бидат вклучени три клуба, покрај Селтикс и Клиперс вклучен ќе биде и Сакраменто Кингс.

Кингс ќе добијат идни пикови од Бостон, Риверс на располагање ќе го има Руди Геј, а Бред Стивенс ќе ја добие посакуваната четворка.

Сега целата приказна добива на тежина бидејќи вториот крилен центар е на чекор од Стејплс центарот.

Познато е дека Спејтс следната сезона ќе игра во Клиперс, а сега клубот се договори и со Брендон Бас.

Бас минатата сезона играше за Лејкерс, љубителите на кошарката најмногу го памтат од времето кога играше за Бостон.

Ако се ова се случи, новата тројка на Истокот ќе биде Ајзиа Томас, Блејк Грифин и Ал Хорфорд.