Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот селектор тврди – Марко Верати не е среќен во Париз.
Селекторот на азурите, Џампјеро Вентура зборуваше за првиот собир на репрезентативците и за статусот на Марко Верати.
Според неговите зборови, Верати е незадоволен што кај новиот тренер Унаи Емери игра на погрешна позиција.
„Во ПСЖ, Верати игра зад напаѓачот, но тоа не е вистинската позиција за него. Тој е роден плејмејкер и не се снаоѓа добро на новата позиција. Верати е несреќен поради тоа и тоа е огромна штета бидејќи се работи за неверојатен фудбалер“, изјави Вентура.