Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Treasure Hunt – Skopje, влезе во последната недела и веќе се доделени многу награди, меѓу кои 2х100, 200, 300 евра, но најголемата парична награда е сеуште во игра – 500 евра.
Покрај ваучерот од 500 евра има уште многу неоткриени ваучери, меѓу кои дуксери, маици, power bank, water bottle, чадори и слично.
Во разговор со организаторот, YouTube каналот BMG Network дознаваме дека потрагата по 500 евра ќе се одвива во две фази и тоа во забрзано темпо. Првата фаза е да се пронајдат три локации во Скопје, на кои е обележано логото на BMG Network. Откако ќе имате три селфи фотографија од трите различни локации можете да напредувате во наредната фаза.
Веќе има излезено видеа за помош со локациите, а во секој момент се очекува и видеото за крајната локација каде што е сокриен ваучерот.
Но, од BMG Network напоменуваат дека и доколку го пронајдете ваучерот, а ги немате три селфи фотографии не се квалификувате да ја подигнете наградата.
Не се освојува секој ден 500 евра, така да вреди да се потрудите!