Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан неодамна се врати на клупата на мадридски Реал и тоа по нешто помалку од една година.
Францускиот стратег го презеде водењето на Кралевите по вторпат во кариерата, а пред него е поставена задача да изгради нов Реал.
Иако во простувањето од Реал изминатата сезона не ги наведе причините за заминување туку само соопшти дека е „вистинско време за заминување“ и дека „промените се неопходни“, некогашниот фудбалер на Реал, Стив МекМанаман има своја теорија.
Тој тврди дека Зидан заминал од клубот бидејќи знаел дека Кристијано Роналдо тоа лето ќе биде продаден.
„Сигурно почувствувал одреден страв. Не знам дали чувствувал дека Роналдо ќе замине и дека нема да има соодветна замена. Ако погодил, направил добат потег со заминувањето од клубот. Јасно беше дека без вистински измени ќе има проблеми“, истакна МакМанаман.
Оваа теорија на англискиот фудбалер не е толку нелогична. Зидан се врати во клубот и тоа откако Флорентино Перез вети голема сума за засилувања.
На неговата листа сега се големи имиња, а ги предводи Еден Азар, Пол Погба, Садио Мане, Килијан Мбапе…