Далиќ по ремито со Италија: Сè беше во наши раце, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска не успеа да ја победи Италија и ги намали шансите за пласман во осминафинале на Европското првенство (ЕП), а селекторот Златко Далиќ не беше среќен.

Италија постигна гол за реми дури во 98. минута преку Закањи, а тоа им ги скрши срцата на хрватските навивачи.

„Имавме сè во наши раце, но во последните минути примивме голови против Албанија и Италија. Тешко е да се пронајдат вистински зборови. Можам само да им честитам на фудбалерите за борбата, желбата и жртвата кои ги покажаа. Жал ми е за нашите навивачи кои ни даваа поддршка“, кажа Далиќ.