Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Крај на една голема ера.
Даниеле Де Роси целата своја досегашна кариера ја помина во дресот на Рома и покрај тоа што во меѓувреме имаше понуди од европските велкани, но поради љубовта кон Волчицата не сакаше да го напушти Олимпико.
Де Роси е дете на Рома и покрај Франческо Тоти сигурно е еден од главните заштитни знакови на Римскиот клуб. Овој 35 годишен фудбалер за Рома настапуваше уште од своите тинејџерски години и од тогаш израсна во првиот состав на овој клуб.
И покрај тоа што во своите најдобри години имаше големи понуди од европските великани тој одлучи да остане во Рома. Најголем интерес за него покажа Манчестер Јунајтед кој во неколку прилики праќаше понуди за него, но Де Роси не сакаше ни да слушне за тоа.
Неговиот договор со Волчицата истекува на крајот на оваа сезона, а денеска клубот официјално соопшти дека договорот нема да биде продолжен и со тоа Де Роси после 18 години ќе ја напушти Рома.
Во 18 сезони колку што имаше одиграно во дресот на Рома, овој искусен везен одигра 615 натпревари, постигна 63 погодоци и запиша 54 асистенции. Во дресот на Рома тој има освоено три трофеи, два од Италијанскиот Куп и еден трофеј од Италијанскиот Суперкуп.
Рома на официјалната страница потврди дека Де Роси после 18 години ќе го напушти клубот и дека тоа е крај на една голема ера.