До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Данска се соочува со големи проблеми пред натпреварот од полуфиналниот бараж против Македонија затоа што им се повредија голманите Каспер Шмајхел и Филип Јоргенсен.
Данскиот селектор, Брајан Ример соопшти дека ги повикал Мадс Хермансен од Вест хем, Фредерик Рено од Унион Берлин, како и Андреас Јунгдал од Вестерло.
Голот на Данска против Македонија треба да го брани Хермансен, додека негова замена се очекува да биде Рено.
















