Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски доби лоши вести затоа што се зарази со ковид-19 и ќе мора да го пропушти Европското првенство (ЕП), кое е закажано од 4 до 7 март во Полска.
Ивановски на последниот тест добил позитивен резултат, па затоа нема да може да ја претставува Македонија на големото натпреварување.
“И официјално на престојно ЕП во сала кое ќе се одржи оваа недела во Торун, Полска, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски НЕМА ДА НАСТАПИ. Да му посакаме многу здравје, брзи и лесно подносливи денови во ова светско КОВИД лудило кое удри и кај нашиот неприкосновен шампион.Се гледаме напролет на новите предизвици“, објави утрово неговиот тренер, Игор Јакимовски.